Србија ги почнува подготовките за престојните натпревари од Лигата на нациите против Швајцарија и Шпанија, а интересно на списокот на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси ги нема Душан Влаховиќ ни Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Влаховиќ не беше во составот и на претходните натпревари, тогаш беше наведено од лични причини, а потоа без проблем играше за Јувентус. Веднаш тргаа шпекулации за наводна караница по што тоа беше демантирано. А ни сега не е познато зошто го нема Влаховиќ. Сергеј Милинковиќ-Савиќ беше повреден на претходните мечеви, а исто така не е познато зошто не е повикан сега.
Од друга страна неговиот помлад брат Вања Милинковиќ Савиќ повторно е во тимот по краткотрајниот егзодус по ЕП. Во екипата се враќа и напаѓачот Александар Митровиќ.
Ново имиња се „малиот Меси“ од Звезда – Андрија Максимовиќ, потоа Никола Чумиќ од Рубин, Дејан Зукиќ од Волфсбергер. Повторно повикани се Ќирковиќ (ТСЦ), Стефан Митровиќ (Леувен) и Дејан Јовељиќ (ЛА Галакси).
СОСТАВ
Голмани: Предраг Рајковиќ (Ал Итихад), Вања Милинковиќ Савиќ (Торино), Александар Јовановиќ (Партизан), Марко Илиќ (Црвена звезда)
Одбрана: Никола Миленковиќ (Нотингем Форест), Страхиња Павловиќ (Милан), Страхиња Ераковиќ (Зенит), Срѓан Бабиќ (Спартак Москва), Коста Недељковиќ (Астон Вила), Јан Карло Симиќ (Андерлехт)
Среден ред: Саша Лукиќ (Фулам), Андрија Живковиќ (ПАОК), Иван Илиќ (Торино), Лазар Самарџиќ (Аталанта), Вељко Бирманчевиќ (Спарта Прага), Марко Грујиќ (Порто), Дејан Зукиќ (Волфзбергер) , Немања Максимовиќ (Панатинаикос), Саша Зделар (ЦСКА Москва), Никола Чумиќ (Рубин Казан), Александар Ќирковиќ (ТСЦ), Андрија Максимовиќ (Црвена звезда), Стефан Митровиќ (Левен)
Напад: Александар Митровиќ (Ал Хилал), Лука Јовиќ (Милан), Дејан Јовељиќ (ЛА Галакси), Петар Ратков (Ред Бул Салцбург), Михаило Ивановиќ (Милвол)