По дебаклот од Звезда – Станојевиќ поднесе оставка

1287

Тренерот Александар Станојевиќ пред четири месеци повторно седна на клупата на Партизан на местото на Игор Дуљај, меѓутоа не се прослави. По дебаклот од Црвена Звезда на домашен терен 0:4 се најде на мета на навивачите кои му скандираа да го напушти клубот, а по мечот беше повреден во испадот на навивачите на „црно-белите“ кои ги искршија стаклата на соблекувалната.
Со повреден нос и аркада, Станојевиќ се појави пред новинарите, а по елиминацијата од Европа и слабиот старт на Суперлигата, одлучил да се повлече од тренерската позиција, пренесува српски „Телеграф“.

ПретходноАлкараз одби да го викаат Федерер, објасни и зошто!
СледноКошаркарски клуб ги сместил своите играчи – во затвор: „Вака ќе се заштедат пари…“