Прославениот руски тренер одби да биде селектор на Кина

650

Прославениот руски тренер Леонид Слуцки не планира да биде селектор на Кина. Тој во моментов е предводник на локалниот Шангај Шенхуа од декември 2023 година и не сака да ја преземе селекторската функција.
Во моментов сум фокусиран на Шенхуа и не мислам за ништо друго“, изјави Слуцки.
Шенхуа е второпласиран во локалниот шампионат со два бода помалку од лидерот Шангај Порт по 26 кола.
Моментално селектор на Кина е Бранко Иванковиќ, а репрезентацијата доживеа неколку порази по кои практично е исфрлен од колосек во трката по СП 2026 година. Во третиот круг квалификации Кина доживеа два порази, од Саудиска Арабија (2:1), а посебно болен беше од Јапонија со 7:0.
Слуцки беше селектор на Русија и играше на ЕП 2016 во Франција. Беше тренер на Рубин Казан, Уралан, ФК Москва, Крилја Советот, ВСКА, кратко во Хал сити и Витесе. Со ЦСКА три пати беше шампион на Русија, а по два пати го освои Купот и Суперкупот на Русија.

Претходно„Винисиус е добар играч, но лајно од човек. Реал Мадрид се Реал Имигранти…“
СледноСрпски ракометни судии суспендирани доживотно