Рафаел Надал ќе игра на Дејвис Купот

42

Рафаел Надал, легендарниот 38-годишен шпански тенисер ќе игра во финалето на Дејвис купот што од 19 до 24 ноември ќе се одржи во Малага. Надал своите последни натпревари ги одигра во текот на летото на Олимписките игри во Париз. Во сингл дел од Игрите беше поразен од Новак Ѓоковиќ, додека во двојки со Карлос Алкараз стигна до четвртфиналето. Потоа се повлече од УС Опен, а го откажа и Лејвер купот, кој се одржа минатата недела.

Во текот на кариерата Надал освои дури 22 Гренд слем титули, од кои четиринаесет пати го подигна победничкиот пехар на Ролан Гарос. Тој исто така четири пати го освои Дејвис купот со Шпанија, во 2004, 2009, 2011 и 2019 година.

Тој повторно ќе игра за шпанската репрезентација на крајот од Дејвис купот во ноември, а пријавен е и Карлос Алкараз. Во четврт-финалето Шпанија ќе игра против Холандија, а преостанатите четвртфинални двојки се Германија – Канада, САД – Австралија и Италија – Аргентина. Минатогодишната титула ја одбранија Италијанците.

Претходно„Марка“ тврди дека веќе е познат добитникот на Златната топка
СледноЕнрике: Штета што Мбапе отиде во Реал Мадрид!