Реал Мадрид испрати скаути за дефанзивец на Лајпциг

55
Фото: Castello Jr Lukeba/Instagram

Реал Мадрид внимателно го следи развојот на дефанзивецот на РБ Лајпциг, Кастело Лукеба. Кралскиот клуб испратил свои скаути во живо да ги следат настапите на Французинот на натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, открива „Марка“.

Од „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат за засилување на одбраната следното лето, а Лукеба е едно од имињата на кои се мета. 21-годишниот талент покажува сериозен развој, а тоа не остана незабележано од „белиот балет“. Со добрите игри стигна и до француската репрезентација, откако веќе одигра 1 натпревар за петлите.

Инаку, Лукеба е младински играч на Лион, но лани беше купен од РБ Лајпциг за 34 милиони евра. Откако е во германскиот клуб, дефанзивецот има 48 натпревари на своето конто и 1 постигнат гол.

ПретходноПознато е кој ќе биде новиот тренер на Стефан Ристовски и Аријан Адеми
Следно„Марка“ тврди дека веќе е познат добитникот на Златната топка