Сити без Халанд против Ватфорд, Норвежанецот доби дозвола да се врати во своја земја!

139
Фото: Манчестер Сити/Твитер

Манчестер Сити ќе биде без својата ѕвезда Ерлинг Халанд за претстојниот дуел од Карабао купот со Ватфорд, кој се игра денеска. Норвежанецот доби дозвола од управата на клубот да се врати во татковината поради тажна пригода. Причината е смрт на блиско лице.

Станува збор за Ивар Егја, кој неодамна почина. Тој беше кум на свадбата на Алфи Халанд и беше речиси како вујко на Ерлинг.

Халанд можеше и порано да си замине дома, но тој самиот реши да остане во Англија и да учествува на натпреварите со Брентфорд, Интер и Арсенал. Сега, сепак, се вратил во својата татковина за да може да присуствува на погребот на Егја.

Затоа ќе го пропушти натпреварот со Ватфорд, но се очекува да се врати во времето за да му биде на располагање на Гвардиола за следниот дуел против Њукасл во сабота.

ПретходноИма ли проблем меѓу Тен Хаг и Рашфорд?
СледноУЕФА по два и пол месеци призна голема судиска грешка на Европското првенство