Српски ракометни судии суспендирани доживотно

434

Српските ракометни судии Александар Панџиќ и Иван Мошорински се доживотно суспендирани од сите активности на ЕХФ поради нивна вмешаност во местење на натпревари. Двојцата учествувале во местење на натпревари на ЕП во ракомет. Самиот случај беше затворен од страна на ракометниот трибунал на ЕХФ уште летоска со казна од 2000 евра за секој од судијата, но тогаш Извршниот комитет бараше и доживотна суспензија затоа што судиите не помогнале во истрагата и решавање, односно расветлување на случајот.
Сега е потврдена и доживотната суспензија од ракометните терени, пренесува „Ханд њуз“.
Се чека и Ракометниот сојуз на Србија да ги суспендира и од активности на национално ниво. Интересно, тие во 2022 година беа избрани за најдобар ракометен пар во изборот на Заедницата на судии и контролори при РС на Србија.

ПретходноПрославениот руски тренер одби да биде селектор на Кина
СледноМилер: Фудбалот во Баерн оваа сезона е многу забавен