Струмица покажа „заби“ во Атина, но Олимпијакос беше пресилен

71

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица загуби со максимални 3:0 и на гостувањето кај Олимпијакос во реванш-мечот од првото коло во квалификациите во Лигата на шампионите. Далеку поквалитетниот противник, вечерва имаше и далеку посилен отпор од нашиот првак, кој одигра два сосема рамноправни сета и покажа дека играчки може сериозно да напредува и во најсилното европско натпреварување.

ОЛИМПИЈАКОС – СТРУМИЦА  3:0 (25-19, 25-17, 25-21)

Струмица добро парираше во првиот и особено во третиот сет на мечот, иако Олимпијакос го имаше главниот збор. Особено добра партија нашиоте шампиони прикажаа во третиот сет во кој тргнаа со водство, беа во егал се до третата третина од мечот (16:16), но се одржуваа на поен-разлика се до последните неколку поени, кога на сервис на фантастичниот Атанасијевиќ, Грците ја направија разликата за конечна победа.

Одлично расположен во нападот денеска беше Стојан Илиев кој нанижа 12 поени, а Волков и Владо Милев имаа по 9. Кај Олимпијакос прв поентер беше Атанасијевиќ со 19 поени.

За Струмица овде не е крајот на европските настапи. Тиесега ќе ја почекаат комплетната разврска во 1. коло од ЛШ и ќе го очекуваат унгарски Фино Капошвар за свој противник во 1. коло од ЦЕВ купот.

ПретходноМЗТ Скопје тргна победнички во АБА2-лига !
СледноТотален колапс: Му побегна сопругата, заврши со репрезентацијата, не може да најде нов клуб…