Поранешниот американски голман Тим Хауард (45) во подкастот „It’s Called Soccer“ изјави дека новиот селектор на САД, Маурицио Покетино со американскиот состав не треба да го копира стилот на Манчестер Сити, кој таму го иплементирал Пеп Гвардиола.
„Кога ќе ја погледнете мојата генерација, бевме група на цврсти, сурови играчи. Имавме неколку фудбалери кои ја правеа клучната разлика. Бевме агресивно во дефанзивниот дел, а сосема снаодливи и одлучни во нападот.
Се случи тоа Пеп Гвардиола да го уништи фудбалот. Гвардиола сите ги учи дека можат да играат напаѓачки фудбал. Меѓутоа не можат, не можат сите да го прават тоа. Тоа го можат само три екипи на светот“, смета Хауард, кој има 121 настап за САД, а се пензионираше во 2020 година.
Хауард смета дека САД со Покетино треба да изгледа како Тотенхем, кој во 2019 година стигна до финалето на ЛШ и изгуби од Ливерпул.
„Покетино во Тотенхем играше со две линии по четири играчи и уште двајца во нападот. Беа цврсти во одбраната, или барем пробуваа да бидат. Ако Покетино внесе одлучност во одбраната, САД има доволно играчи на напаѓачките позиции за да биде опасен“, верува екс-голманот на Манчестер Јунајтед, Евертон, Колорадо и Мемфис.