УЕФА по два и пол месеци призна голема судиска грешка на Европското првенство

159

Судиската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) ја призна судиската грешка на четвртфиналниот натпревар на овогодинешното ЕУРО меѓу домаќинот Германија и Шпанија, кој подоцна ја освои шампионската титула.

Судиската комисија на УЕФА оцени дека судијата Ентони Тејлор требало да досуди пенал за Германија во продолжението при резултат 1:1 поради играњето со рака на шпанскиот дефанзивец Марко Кукурела по ударот на Џамал ​​Мусијала. Но, Тејлор одмавна со раката покажувајќи дека играта треба да продолжи, а ни судиите во ВАР-салата не реагираа соодветно.

Кон крајот на продолженијата, Микел Мерино погоди за победа на Шпанија од 2:1, а подоцна во првенството Шпанија ја победи Франција во полуфиналето и Англија во финалето и ја освои титулата европски првак.

ПретходноСити без Халанд против Ватфорд, Норвежанецот доби дозвола да се врати во своја земја!
СледноСе појавија снимки: Еве како се случи инцидентот пред соблекувалната на Партизан (ВИДЕО)