Челзи и Сити рутински до осминафиналето на Карабао Купот

32

Екипата на Челзи дојде до уште една убедлива победа за само неколку дена, откако вечерва во Карабао Купот на домашен терен со 5:0 го совладаа нисколигашот Бероу. Нкунку постигна хет-трик за „сините“, а по еден гол запишаа и Жоал Феликс и Нето

Со добар дел резервни играчи, Манчестер Сити се избори за победа од 2:1 над Ватфорд во денешниот дуел од Карабао Купот. 16-годишниот Кејден Брејтвејт стана третиот најмлад играч на Манчестер Сити кога стартуваше на натпреварот вечерва.

Головите за победа на Сити ги постигнаа Доку и Нуњес уште во првото полувреме на средбата, додека Инс го постигна голот за гостите во завршницата на мечот.

ПретходноОпозицијата на Лапорта бара изгласување негова недоверба
СледноРеал за две минути ќе направеше од готово вересија