„Винисиус е добар играч, но лајно од човек. Реал Мадрид се Реал Имигранти…“

119

Шпанскиот бизнисмен Пако Роиг беше претседател на Валенсија помеѓу 1994 и 1997 година. Во интервју за шпанскиот „Релево“ даде контроверзни изјави за Реал Мадрид и нивната ѕвезда Винисиус. Бразилскиот крилен напаѓач често се жали на однесувањето на шпанските навивачи кои му свират и затоа предупредува на расизам во таа држава.
Претходно немаше такви проблеми или јас не ги приметував. Ромарио на пример немаше никакви проблеми. А тој лик во Мадрид, кој…. Јас Реал Мадрид го нарекувам Реал Имигранти. Имаат осум црни фудбалери, двајца белци и Шпанецот Дани Карвахал. И потоа доаѓа оној лик, Винисиус…“, изјави Роиг.

Роиг тврди дека бил на мечот Валенсија и Реал и дека Винисиус на еден навивач му рекол „кучкин син“. Роиг тврди дека навивачите на Валенсија не го навредувале Винисиус, не го нарекле мајмун, туку му рекле дека е глуп.
Тој (Винисиус) е одличен фудбалер, но лајно од човек. Секогаш се жали на судијата. Бев во Јужна Америка 20-30 пати и никогаш ништо не ми се случило“, додаде Роиг.

Валенсија во 2023 година го идентификувал навивачот кој го навредувал Винисиус и добил доживотна забрана за присуство на натпреварите на својот клуб.

Роиг имаше што да каже и за претседателот на Реал, Флорентино Перез кого го нарече „шефот на шпанскиот фудбал“.
Нека некој ми објасни како може играч (Винисиус) да добие црвен картон на Местаља за вреѓање, а потоа да му се избрише по реакција на Флорентино? Тој идиот се чеша по јајцата и им зборува на навивачите на Местаља дека ќе испаднат во втората лига.
Што се случува? Штом е нешто поврзано со Реал, тој на крајот се решава. Ајде да го прашаме каде се четворицата играчи на Реал кои сексуално нападнале четири девојки на Канарските острови. Каде се и какви казни добија? Се е тивко, шефот зборува и сите молчат. Флорентино е тој кој има контрола. Зошто никој не зборува за тие играчи“, рече Роиг.

ПретходноЕнцо Зидан ја заврши фудбалската кариера на 29 години
СледноПрославениот руски тренер одби да биде селектор на Кина