Кошаркарски клуб ги сместил своите играчи – во затвор: „Вака ќе се заштедат пари…“

164

Кошаркарскиот клуб Сутјеска од Фоча, се одлучи на несекојдневен потег. Клубот преку социјалните мрежи им се заблагодарил на Казнено-поправниот дом во Фоча, затоа што му овозможил сместување на своите кошаркари.
Му се заблагодаруваме на КПЗ Фоча, на чело со директорот, кој во законски рамки ни излегоа во пресврет и овозможија сместување на нашите играчи по минимални цени. Во време на високи цени на кириите, оваа поддршка е добредојдена и ќе ја овозможи работата на клубот и ќе допринесе кон понатамошен наш развој“, порачаа од КК Сутјеска.

Се разбира, играчите нема да бидат зад решетки, туку се однесува на сместување во зградата на КПЗ Фоча, а само еден ќе живее во ресторанот во самата зграда.

ПретходноПо дебаклот од Звезда – Станојевиќ поднесе оставка
СледноОФИЦИЈАЛНО: Суспензија на теренот во Кавадарци и службени 0:3 за Вардар