Тренерот Александар Станојевиќ пред четири месеци повторно седна на клупата на Партизан на местото на Игор Дуљај, меѓутоа не се прослави. По дебаклот од Црвена Звезда на домашен терен 0:4 се најде на мета на навивачите кои му скандираа да го напушти клубот, а по мечот беше повреден во испадот на навивачите на „црно-белите“ кои ги искршија стаклата на соблекувалната.
Со повреден нос и аркада, Станојевиќ се појави пред новинарите, а по елиминацијата од Европа и слабиот старт на Суперлигата, одлучил да се повлече од тренерската позиција, пренесува српски „Телеграф“.