Поради Барса и Левандовски, Шчесни се враќа од пензија?!

322

Полскиот голман Војчех Шчесни кој ја заврши кариерата пред неколку недели, очигледно е на чекор повторно да севратимеѓу стативите. Причина, јавувањето од Барселона која сака да го донесе како замена за тешко повредениот Марк-Андре тер Штеген.

Иако во медимите се зборува дека Барса разлислува за неколку имиња, како Кејлор Навас, младиот Гилам Рестес од Тулуз или Војчех Шчесни, полските медиуми тврдат дека враќањето на Шчесни е најреално, затоа што во игра влегол и менаџерот на Роберт Левандовски.

Левандовски е близок пријател со Шчесни, кој сигурно би сакал да заигра со него, особено во дресот на славната Барса. Учесник во разговорите е Пини Захави, агентот на Роберт Левандовски, кој треба да дејствува како посредник меѓу Барселона и АЦВ Стелар, агенцијата што ги застапува интересите на Војчех Шчесни.

ПретходноВаленсија само до бод, Столе повторно на клупа
СледноОдреден датумот на првото овосезонско Ел Класико