Тотален колапс: Му побегна сопругата, заврши со репрезентацијата, не може да најде нов клуб…

599

Десниот бек на Њукасл, Киран Трипие очајно бара начин да си замине од Њукасл Јунајтед, а неколку европски фудбалски гиганти иако се обудваат да го ангажираат, досега не успеале да се договорат со него. Трипие се наоѓа во еден од најлошите периоди од својот живот, па можеби во моментов и не му е дојдено до фудбал.

Имено, неговиот брак доживеа тотален колапс бидејќи неговата сопруга Шарлот го напуштила домот и со трите деца се преселила на другата страна на Англија за да започне нов живот. Таа веќе неколку месеци не го носи  венчален прстен откако Трипие претходно беше забележан како се забавува со мистериозна русокоса во едно кафуле.

Трипие по Европското првенство се прости од репрезентацијата на Англија за да може да се фокусира само на клупскиот фудбал, но не успеа да најде нов клуб. Саудискиот гигант Ал Итихад се обиде да го обезбеди неговиот потпис, а Евертон исто така се обиде да го донесе на позајмица, но и двата договори пропаднаа и Трипиер изгледа фрустриран во Њукасл Јунајтед, па е мора да се надева на заминување во јануари.

ПретходноСтрумица покажа „заби“ во Атина, но Олимпијакос беше пресилен
СледноВаленсија само до бод, Столе повторно на клупа