Ангеловски: Нема да се штедиме против Динамо бидејќи играме со Вардар!

102

Пелистер го чека нов тежок предизвик во Лигата на шампионите. Актуелниот македонски првак утре е гостин на Динамо Букурешт во рамките на третото коло во ова натпреварување. За разлика од битолчани кои имаат два порази во исто толку одиграни мечеви, на другата страна романскиот тим е перфектен на стартот.

Бранислав Ангеловски, тренерот на Пелистер пред овој дуел најави дека неговите момци нема да се штедат иако ги чека пресметка со Вардар 1961 во рамките на Супер-лигата.

„Не очекува важна недела во која повторно играме во Лигата на шампиони, гостуваме на сериозен противник, тим од Романија кој има 8-9 милиони буџет. Ова е екипа во која играат играчи кој настапуваа за Барселона, па не е случајно што имаат две победи.

Ние одиме со позитивна енергија, да дадеме максимум без разлика што за краток период играме со нашиот најголем ривал Вардар. Нема да се штедиме, одиме да се натпреваруваме со нив да го дадеме мскимумот“, рече Ангеловски. 

ПретходноПМФЛ: Гостивар VS Шкендија, “езерско дерби“ во Охрид, Работнички во Битола а Тиквеш во Струмица
СледноТажна вест, Рафаел Варан принудно мора да се пензионира!