Анчелоти: Пристапот на судиите е променет – мора да се адаптираме!

165
Фото: Real Madrid/Twitter

Карло Анчелоти го забележа својот 300. натпревар на чело на Реал Мадрид, а „белите“ победија со 3:2 на домашен терен од Алавес во 7. коло од Ла Лига. По натпреварот италијанскиот стручњак ги предупреди своите играчи да бидат многу повнимателни и да ги почитуваат правилата за да не добијат толку картони.

„Ќе го повторам она што го кажав пред неколку дена: пристапот на судиите е променет и мораме да се адаптираме. Добивме 4 или 5 жолти картони поради оспорување на судиските одлуки и не треба да продолжиме вака.

Не ми се допаѓа нашето опуштање на крајот од натпреварот. Игравме многу добро 60 минути, што ни дава самодоверба. Направивме добри работи во нападот. Мбапе? Одлично се снајде, но се чувствуваше уморен и побара измена“, објасни искусниот специјалист.

Тренерот на Реал беше прашан и што мисли за ситуацијата во која Ендрик удри противнички играч, но одговори дека не ја погледнал снимката и не може да заземе став.

ПретходноРивер Плата ги елиминираше Видал и друштвото во 1/4 финалето на Копа Либертадорес
СледноМодриќ збесна – го пцуеше судијата поради жолтиот картон (ВИДЕО)