ВМФЛ: “Лавовите“ пак не победија, Брегалница славеше во Богданци…

571

Дали Македонија ЃП влегува во резултатска криза? Еве втор меч по ред тимот од Ѓорче не победува. Во меч од 4.коло во ВМФЛ, Македонија ЃП одигра само 0:0 на гости кај Новаци.

Брегалница со 1:2 славеше кај Вардарски во Богданци со головите на Калпачки и Абази. Прв меч без сега веќе екс – тренерот Никола Илиевски – Џииџи и Охрид дојде до првата победа сезонава и тоа со 0:1 на гости кај Вардар (Н) со голот на Лога.

На преостанатите мечеви се постигнаа следните резултати:

РЕЗУЛТАТИ – 4.КОЛО

Башкими – Беласица 1:1

Скопје – Кожув 1:1

Саса – Борец 2:0

Новаци – Македонија ЃП 0:0

Осогово – Детонит 1:3

Победа – Аресими 1:2

Вардар (Н) – Охрид 0:1

Вардарски – Брегалница 1:2

ПретходноМлад играч на Барса со копачка го згазна местото на Флик, погледнете ја реакцијата на тренерот
СледноАдеми даде гол за Динамо, а Ќамили за Сондерјиске во Куп натпревари (видео)