Големата ѕвезда на Лил на мета на Јувентус

66

Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли веќе работи на ангажирање на голгетерот на Лил, Џонатан Давид, пренесуваат медиумите во Италија. Канадскиот интернационалец е врзан за својот сегашен клуб до летото 2025 година и нема индикации дека ќе потпише нов договор.

Џунтоли беше во контакт со претставниците на Давид за да дознае со која плата напаѓачот би се согласил да го облече црно-белиот дрес. Лил пред затворањето на преодниот рок беше подготвен да ја продаде својата ѕвезда за околу 20 милиони евра, но ниту еден клуб не се согласи да му даде годишна сума од 6 милиони евра на Давид и уште 5 милиони бонус на рака.

Се очекува по крајот на сезоната Давид да има уште поголеми побарувања со оглед на фактот дека неговиот следен клуб нема да мора да плаќа трансферна сума.

Дали Јуве ќе потпише нов центарфор во голема мера ќе зависи од настапот на Душан Влаховиќ. Србинот има само 2 гола од почетокот на сезоната во Серија А и во оваа фаза преговорите за продолжување на неговиот договор се замрзнати.

ПретходноКапитенот на шампионот Буњамин Шабани успешно опериран, ќе паузира 4-6 недели!
СледноПјаниќ дојде во ЦСКА, а навивачите му свртеа грб: Зарем мисли не знаеме што рече за Русија?