Недановски: Сè освен титула ќе биде неуспех! Ако загубиме од Пелистер – одговорноста јас ќе ја превземам!

109

Вардар 1961 пред дербито со Пелистер во сабота одржа прес-конференција на која зборуваше тренерот Владо Недановски. Тој се наврати од првата година од кога е на клупата на „црвено-црните“, па до оваа сезона кога има ростер за високи дострели.

Недановски е свесен дека е под притисок, свесен е дека за сите голем неуспех ќе биде доколку останат без титула.

„Веќе трета година сум тренер. Првата година се соочивме со големи проблеми, исфрлање од Европа, по што дојдоа проблеми со играчкиот кадар. Седнав на жешко столче со многу навивачи и преголеми очекувања. Првата година го освоивме Купот, игравме добар ракомет, ги добивме сите дерби натпревари дома и за мене беше успешна сезона. Втората градевме тим од млади играчи, напредувавме и имавме одличен почеток на сезоната. Повторно го победивме Пелистер дома, игравме добар ракомет. Следеа неколку повреди и на крајот останавме со празни раце. Ова лето сум задоволен од сите играчи кои дојдоа, заедно со стручниот штаб. Направивме квалитетен тим со добри ракометари на сите позиции. Сè освен титула е неуспех за овој Вардар, нека биде запаметено. Ова е храбра изјава, што на крајот ќе носи и одговорност. Располагаме со добри играчи, покриени сме на сите позиции и се надевам дека оваа година тоа ќе го оствариме без разлика на поразот во првото коло“, изјави Недановски. 

Што се однесува до мечот со Пелистер посакува поддршка од трибините. Доколку не успеат да победат, тој ќе ја превземе одговорноста.

„Натпреварите со Пелистер секогаш се интересни. Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број. Состојбата кај нас не е сјајна, имаме некои повредени ракометари. Се работи за ситни повреди и засега не знаеме дали играат в сабота. Притисок за ваков натпревар секогаш има. Загубивме две дерби пресметки, одговорноста би ја презел јас при неуспех в сабота“. 

ПретходноВо меч под рефлектори на Арената: Вардар го “мерка“ и Силекс!
Следно„Чкембари“ со четири автобуси ќе дојдат за дербито со Вардар 1961