Полувреме: Кикс на голманот на Шкендија и Гостивар води, со водство и Шкупи, нема голови во Охрид, Битола и Струмица! (ВИДЕО)

323

Завршија првите полувремиња од петте меча во 7.коло во ПМФЛ. На дербито во Маџари, Гостивар со голот на Ајдоган има водство против Шкендија со 1:0. Големиот кикс на голманот на тетовци Амзаи, офанзивецот на Гостивар успеа да го искористи и да ја затресе мрежата на Шкендија.

Води и Шкупи против Беса со голот на Едмундсон.

На останатите мечеви, Пелистер – Работнички, Воска – Струга ТЛ и Брера – Тиквеш нема голови.

Вечерва од 20 часот играат Вардар и Силекс.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Мбапе ќе паузира три недели и нема да го игра дербито со Атлетико
СледноКостадинов погоди за Пјаст во Куп натпревар (видео)