Пјаниќ дојде во ЦСКА, а навивачите му свртеа грб: Зарем мисли не знаеме што рече за Русија?

716

Репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ е нов фудбалер на ЦСКА Москва, а веќе има проблеми со навивачите. Навивачите на „војничкиот“ клуб се сетија на контроверзната ситуација кога ФС на БиХ прифати да игра пријателски меч со Русија кога таа беше исфрлена од ФИФА и УЕФА поради инвазијата над Украина.

По големиот притисок на јавноста мечот беше откажан, а претходно Пјаниќ и уште неколку репрезентативци изјавиле дека не планираат да дојдат на одигрување на тој меч.

Зарем мисли дека сме заборавиле на изјавата кога одби да игра против Русија? На ЦСКА не и треба некој кој е против Русија. Немаме ништо против него, меѓутоа не сакаме да даваме пари на некој кој е против Русија“, се само некои од коментарите на навивачите упатени кон репрезентативецот на БиХ.

Пјаниќ потпиша едногодишен договор со ЦСКА со опција за уште една сезона. Неофицијално, платата е еден милион евра плус бонуси.

ПретходноГолемата ѕвезда на Лил на мета на Јувентус
СледноСтартува и Лига Европа: Галата го чека ПАОК, Јунајтед против холандскиот првак од 2010