Ривер Плата ги елиминираше Видал и друштвото во 1/4 финалето на Копа Либертадорес

66
Фото: River Plate/Twitter

Ривер Плата е првиот полуфиналист на овогодинешното издание на Копа Либертадорес. Аргентинскиот гигант победи со 1:0 на домашен терен против Коло Коло и со вкупни 2:1 продолжува во следната рунда. Стрелец на единствениот гол на беше Факундо Колидио во 16. минута.

„Милионерите“ вторпат за неколку дена ги израдуваа своите навивачи откако со истиот резултат триумфираа во големото дерби против Бока Јуниорс викендов.

Во составот на Коло Коло се појавија имињата на ветераните Артуро Видал и Маурицио Исла. Во текот на неделата, Видал се закани дека ќе постигне гол и ќе му помогне на својот тим да стигне до полуфиналето, но не успеа да ја исполни својата закана.

Останатите полуфиналисти ќе станат јасни по реванш натпреварите во двојките Флуминенсе – Атлетико-МГ, Ботафого – Сао Паоло и Фламенго – Пењарол.

ПретходноРеал за две минути ќе направеше од готово вересија
СледноАнчелоти: Пристапот на судиите е променет – мора да се адаптираме!