„Чкембари“ со четири автобуси ќе дојдат за дербито со Вардар 1961

141

Во центарот на вниманието овој викенд е дерби пресметката меѓу Вардар 1961 и Пелистер во рамките на Супер-лигата. Од таборот на најтрофејниот ракометен колектив најавија дека дале зелено-светло за гостински навивачи, а според најавите околу 200 фановите на Пелистер ќе бидат во СЦ „Јане Сандански“.

„Знаете дека ланската сезона немаше гостински навивачи на овие дуели бидејќи сакавме да ги смириме страстите по оние немили сцени од пред две години. Сепак, наша цел како клуб и како спортски колектив е да се игра во максимална спортска атмосфера, па затоа за годинава решивме да дадеме зелено светло за присуство на гостинските навивачи почнувајќи од ова дерби со Пелистер. За нас е важно ова ракометно дерби да мине во најдобар ред и да испратиме една позитивна слика во ракометна Европа. Ривалството е нешто потребно, на терен и на трибини, но верувам дека се ќе мине во најдобар ред. Од она што го договоривме, четири автобуси со вкупно 200 навивачи ќе дојдат од Битола, а потоа и од МВР ни беше соопштено дека ова е максималната бројка што може да биде примена на делот од трибината за гостите“, изјави оперативниот директор на РК Вардар, Андрија Нунев.

Дуелот меѓу Вардар 1961 и Пелистер се игра во сабота со почеток во 17:45 часот.

ПретходноНедановски: Сè освен титула ќе биде неуспех! Ако загубиме од Пелистер – одговорноста јас ќе ја превземам!
СледноПроблем за Реал, Мбапе под знак прашалник за мадридското дерби