Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми постигна гол во победата на Динамо Загреб од 3:1 на гостувањето кај Бањоле и се пласира во осминафиналето на Купот на Хрватска.
Адеми ја затресе мрежата во 86 минута за конечни 3:1.
Адеми влезе во игра на почетокот на второто полувреме, а капитенот Стефан Ристовски беше на терен од првата минута.
Arijan Ademi makes it 1-3 and Dinamo can now easily bring the win home!#HNK #Dinamo #Banjolepic.twitter.com/z8pNyJCvDQ
— Croatian Football (@CroatiaFooty) September 25, 2024
А Сондерјиске за кој настапува новиот македонски репрезентативец Лирим Ќамили се пласира во осминафиналето. Ќамили постигна еден од головите во победата на неговиот тим од 3:2 на гостувањето кај Исхој.