Влатко Илиоски е нов ФИФА судија!

118

Влатко Илиоски од Прилеп е нов судија од Македонија со амблемот или знакот на ФИФА. Со ова тој ќе може во иднина да суди и меѓународни натпревари. Прилепчанецот на ова место доаѓа наместо Александар Ставрев кој поради годините ќе мора до крајот на оваа година да оди и дефинитивно во фудбалска пензија.

Исто со него во пензија ќе оди и помошниот судија Дејан Костадинов од Скопје, исто поради возраста. Не негово место со знакот на ФИФА доаѓа помошниот судија Христијан Џонов од Штип.

Кога сме кај Ставрев, еден од нашите најдобри судии во историјата, ако не и најдобар, ќе го гледаме на терените до крајот на оваа есенска полусезона.

Инаку како што дознава “СпортСпорт“, Судискиот одбор го разрешил од функцијата комесар за делегирање на контролори Марјан Кировски.

ПретходноМу го побара дресот на Мбапе на полувремето, тренерот веднаш го смени (ВИДЕО)
СледноКлубовите од Скопје и претставници од СВР одржаа состанок!