Иако важеше за фаворит, сепак Џирона не успеа вечерва да слави над Рајо Ваљекано во меч од 7.коло во Ла Лига кој заврши 0:0. За нас најважно е дали играше или не Бојан Миовски. Па така Македонецот остана закован на клупата во текот на целиот меч и не доби минутажа на оваа средба, а се очекуваше такво нешто ако се знае дека Џирона не можеше да ја пробие одбраната на гостите.
Сепак Миовски, како што рековме, ја “грееше“ клупата.
Со овој бод сега претставникот на Шпанија во Лигата на Шампионите, има само 9 бода и се наоѓа во средината од табелата во Ла Лига.