Младиот фудбалер на Барселона, Тони Фернандез со валкана копачка го згазна местото на кое седи тренерот Ханси Флик. 16-годишниот фудбалер сакал да се прекачи на вториот ред, а тоа го направил по скратена постапка преку седиштето на Флик. Очигледно момчето не знаел чиво е тоа место, па мислел ќе помине неприметно.
Но Флик го примети и му се обрати на Тони со сериозен израз на лицето, а на крајот следуваше смеа меѓу соиграчите на клупата. Тони „пропадна“ во земја од срам. Флик го избриша седиштето и во мир ја следеше победата од 5:1 против Виљареал.
🎥 – The only way Toni Fernández could return to his seat was by stepping on Hansi Flick’s seat. The coach noticed it and then his reaction is worth watching. 😅pic.twitter.com/L96fbx4wHm
— Barça Buzz (@Barca_Buzz) September 24, 2024