Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ беше нервозен на крајот од мечот од седмото коло во Ла Лига против Алавес (3:2).
Неговиот Реал на тој натпревар имаше комотни 3:0, а од 85. минута до крајот гостинскиот клуб успеа да постигне два гола и да донесе неизвесност до крајот.
Фудбалерите на Алавес можеа да постигнат гол во шестата минута од судиското надополнување, но топката мина покрај стативата, по што камерата го фати лутиот Модриќ, кој имаше што да му каже на судијата.
Хрватот беше еден од тројцата играчи на „кралскиот клуб“ кои добија јавна опомена за приговорот.
„Те те е**м во уста, да те е**м“, можеше да се прочита од усните на 39-годишникот.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 25, 2024