Му го побара дресот на Мбапе на полувремето, тренерот веднаш го смени (ВИДЕО)

398

Абдел Абкар, дефанзивецот на Алавес, а неодамна и на мароканската репрезентација, ги шокираше навивачите на својот клуб со потег на полувремето од мечот на Реал во седмото коло од Ла Лига. Додека играчите на полувремето (2-0) се упатија кон тунелот на „Сантијаго Бернабеу“ Абкар беше фатен како му приоѓа на противничкиот напаѓач Килијан Мбапе и го моли да му го даде дресот.

Мбапе му ја исполни желбата, го соблече дресот и му го предаде на противничкиот дефанзивец. Абкар потоа му посочи на Мбапе дека ќе му го даде дресот кога ќе го напуштат теренот. Штом овие сцени се појавија во јавноста, фановите на Алавес полудеа. Беа шокирани што играч на нивниот клуб ќе направи нешто толку скандалозно.

Поради ова тренерот Луис Гарсија на одморот го остави во соблекувалната, бидејќи среде меч бара дрес наместо да се фокусира на подобрување на играта против него.

Навивачите на Алавес му честитаа на тренерот за тој потег, барајќи казна за Абкар и му порачаа да погледне на соиграчите, кои примија уште еден гол по неговото излегување, но потоа за малку ќе направија чудесен кам-бек и загубија чесно со 3:2.

ПретходноВМФЛ: Кожув како лидер доаѓа на Автокоманда, Новаци ја дочекува Македонија ЃП, Брегалница гостува во Богданци
СледноВлатко Илиоски е нов ФИФА судија!