Вечерва на Арената во Скопје се игра последниот меч од 7.коло во ПМФЛ. Играат Вардар и Силекс, а резултатот по првите 45.минути е 0:0. Многу тактика без некое непотребно ризикување од двајцата стратези Захариевски и Васоски. Кратовци се заканија преку Алиќ и Ѓорѓиевски, додека Вардар со шутот со глава на Омерагиќ, одбрани гостинскиот голман беше блиску до водство. Вардар подобро го отвори мечот, беше подобар и во финишот на првиот дел, но сепак на пауза се замина со тие 0:0.
Ако немаше голови, тогаш на трибините на “Тодор Проески“ очекувано имаше шоу од страна на “Комити“ кои и на овој меч му ја даваат својата поддршка на својот тим и своите миленици.