Се отвори дупка на стадионот во Лондон, Њукасл им помогна во поправкaтa

121

Натпреварот од англиската Лига 2 помеѓу Вимблдон и Акрингтон е одложена бидејќи домашните не можеа да најдат алтернативен терен откако нивниот стадион „Плау лејн“ е оштетен во поплавите.
Од Вимблдон соопштија дека од „Плау лејн“ испумпале 100.000 литри вода.
На теренот се појави голема дупка, а просториите под трибинскиот простор останаа под вода поради обилните дождови пред неколку денови поради кои се излила локалната река.
Вимблдон го одложи и мечот од 3 коло од Карабао купот со Њукасл кој сега ќе се игра на „Ст.Џејмс Парк“ на 1 октомври.
А истовремено Њукасл му понуди на Вимблдон помош од 15.000 фунти за поправка на „Плау лејн“.

ПретходноЛина со победа на стартот на турнирот во Куршумлијска Бања!
СледноЕден е Дарко: Промовирана првата авторизирана биографија на Панчев! (ФОТО)