Вечерва се крева завесата на новата сезона во Лигата на Европа. Како и ЛШ, и Лига Европа е реформирана па сите 36 клубови играат во една лига, а осумте најдобри одат директно во плеј-офот, а од 11 до 24 место ќе разигруваат за останатите места.
Манчестер Јунајтед повторно е во друштво на европските „второлигаши“, а вечерва на свој терен отвора против Твенте, холандскиот шампион од 2010 година. По два одлични натпревари, „ѓаволите“ го расипаа впечатокот со ремито 0:0 против Кристал Палас, а мечот против Твенте кој добија само два од последните шест натпревари може да биде шанса да се врати самодовербата.
Енигма е со кој состав Ерик тен Хаг ќе излезе на терен. Јасно е дека Јунајтед нема да може да смета на четворица дефанзивци Лени Јоро, Виктор Линделоф, Лук Шо и Тајрел Маласија, па така мистерија е кој ќе игра во дефанзивата. Твенте нема да смета на двајца стандардни играчи, чешкиот играч за врска Михал Садилек и мароканскиот офанзивец Јунес Тах. Голема закана на голот на Јунајтед ќе биде поранешниот премиерлигашки напаѓач Рики ван Волфсвинкел.
Галатасарај во својот 319 европски натпревар е домаќин на грчки ПАОК. Историски гледано „лавовите“ имаат пет победи и еден пораз против грчките тимови, а прв пат ќе игра против ПАОК.
А ПАОК има играно два пати со Фенербахче (победа и реми) и еднаш со Бешикташ (пораз).
ПАРОВИ, 1.КОЛО
ПОЧЕТОК 18:45 Ч.
АЗ – ЕЛФСБОРГ
БОДО/ГЛИМТ – ПОРТО
ПОЧЕТОК 21:00 Ч.
АНДЕРЛЕХТ – ФЕРЕНЦВАРОШ
ДИНАМО КИЕВ – ЛАЦИО
ГАЛАТАСАРАЈ – ПАОК
ЛУДОГОРЕЦ – СЛАВИЈА ПРАГА
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ТВЕНТЕ
МИТЈИЛАНД – ХОФЕНХАЈМ
НИЦА – СОСИЕДАД