Тиквеш лесно го “реши“ Куманово!

34

Ракометарите на Тиквеш вечерва во меч од 3.коло во ракометната Суперлига на Македонија, успеа лесно со 36:25 да слави над Куманово и си тоа да дојде до првата победа сезонава.

Уште на стартот се виде кој е кој на овој меч, кавадарчани уште на почетокот од мечот ставија до знаење дека ги интересира само победа и до неа дојдоа се чини и полесно од очекувањата.

На пауза се замина со убава предност од 15:10.

Во второто полувреме гостите од Куманово немаа сили како барем да се приближат, па затоа на другата страна домашниот состав само ја зголемуваа разликата која на крајот гласеше +11 или победа од 36:25.

Кај Тиквеш со по пет голови најефикасни беа Кофилоски, Лазов, Обина и Коцев. Додека кај гостите по пет гола постигнаа Димевски и Мораиш.

ПретходноМиовски остана на клупата: Џирона само до бод против Рајо!
Следно“Ц. Звезда е крш од тим, Интер ќе ја згази“!