По оние 0:4 во вечното дерби со Партизан, радост во таборот на Ц. Звезда а тага кај “црно – белите“ кои одамна не се веќе клуб каков што го знаеме од минатото. Партизан е во кома, но искрено и Ц. Звезда не воодушевува на стартот од оваа сезона, посебно во Лигата на Шампионите каде Бенфика едноставно си поигра со српскиот шампион на “Маракана“минатата недела.
Свој коментар за најновите случува во фудбалска Србија имаше и некогашниот претседател на Партизан, Драган Ѓуриќ кој даде шокантна изјава:
“Видете, Ц. Звезда е крш од тим, не знаат ништо. Лесно е сега да се победи Партизан. Зошто не ја победија Бенфика која е еден просечен тим. Ќе видите што ќе и се случи на Ц. Звезда против Интер. Бидете сигурни дека Интер ќе ја згази Ц. Звезда“ посочи Ѓуриќ.