Адеми даде гол за Динамо, а Ќамили за Сондерјиске во Куп натпревари (видео)

120

Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми постигна гол во победата на Динамо Загреб од 3:1 на гостувањето кај Бањоле и се пласира во осминафиналето на Купот на Хрватска.
Адеми ја затресе мрежата во 86 минута за конечни 3:1.
Адеми влезе во игра на почетокот на второто полувреме, а капитенот Стефан Ристовски беше на терен од првата минута.

А Сондерјиске за кој настапува новиот македонски репрезентативец Лирим Ќамили се пласира во осминафиналето. Ќамили постигна еден од головите во победата на неговиот тим од 3:2 на гостувањето кај Исхој.

ПретходноВМФЛ: “Лавовите“ пак не победија, Брегалница славеше во Богданци…
СледноАтаман со гестикулацијата предизвика скандал во Турција