МЗТ Скопје со победа ја отвори новата сезона во АБА2-лига. Актуелниот македонски првак ја оправда фаворитската улога против Тиват, на домашен терен славеше со 68-50.
Тренерот, Васко Атанасов беше задоволен од играта со тоа што потенцира дека во нападот мора да се работи повеќе.
„Честитки за моите кошаркари за покажаната желба и борбеност, кои ни ја донесоа посакуваната победа. Делувавме одлично во дефанзивата и тоа беше клуч за триумфот, додекаво нападот имаме уште за работа, што е разбирливо со оглед на тоа дека е почеток на сезоната. Задоволен сум од приодот и дисциплината, иако верувам дека можеме многу подобро од прикажаното“, изјави Атанасов.