Бруки, прво беше покажан офсајд па после му беше признат голот на Силекс во 90+2.минута за победа! (ФОТО)

1236

Вардар – Силекс 0:1 е епилогот од последниот меч од 7.коло во ПМФЛ. Вечерва на Арената “Тодор Проески“ во убав амбиент, старите ривали Вардар и Силекс одиграа 0:1.

Бруки, драма. Се играше 90+2.минута кога Силекс преку Додев постигна гол. Интересно, прво помошниот судија покажа офсајд и тоа со право, но после неколку минути во консултација со главниот судија Пилешков, голот сепак беше признат. Прашање е само каков ВАР му “кажа“ на Пилешков дека немало офсајд.

Инаку Вардар подобро го отвори овој меч, со иницијатива, со креирање акции,но сепак сето тоа не вроди со плод. Ѓуриќ во 2.минута се закани, но без успех. Силекс врати со двете шанси на Алиќ, но првиот пат неговиот удар беше блокиран, а вториот пат Гачевски одлично одбрани.

Вардар во 25.минута преку Омерагиќ можеше да поведе, но сепак немаше гол. До крајот на првиот дел Силекс преку Алиќ и Марко Ѓоргиевски повторно со закана, но пак немаше гол, па така на пауза се замина со тие непопуларни 0:0.

Во второто полувреме налик на стартот на првиот дел. Вардар беше тој што прв нападна, но и овој период без некоја поизгледна шанса.

Силекс во 52.минута се обиде од далечина да го загрози Гачевски, но ударот на Донов од околу 25 метри не успеа да го најде патот до мрежата на Вардар.

Една минута подоцна, на другата страна, Закариќ беше во шанса да му донесе водство на Вардар, сепак и сега нема гол. Неклку минути подоцна пак тој Алиќ, супер шанса за Силекс, но нема и нема гол.

Вардар врати со голема шанса и тоа преку Дианеси, но сега Џеков, голманот на Силекс успеа да ја скрати радоста на вардарци и нивните фанови кои во текот на целиот меч го бодреа својот тим. Впрочем како и секогаш.

Се играше 75.минута кога Марко Ѓорѓиевски имаше зицер, имаше супер шанса, и место да шутира зошто беше во идеална ситуација тој реши да финтира и со шанссата пропадна, но топката дојде до Маронг, но и сега Гачевски беше одличен.

Во 90+2.минута Силекс преку Додев постигна гол, но сомнителен и тоа крајно. Како што рековме прво беше покажан офсајд, за да потоа се смени одлуката за да му се признае голот на Силекс за победа од 0:1.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

Претходно“Ц. Звезда е крш од тим, Интер ќе ја згази“!
СледноСкандалозно: Судиска лакрдија…Вардар ОГРАБЕН!