ВМФЛ: Кожув како лидер доаѓа на Автокоманда, Новаци ја дочекува Македонија ЃП, Брегалница гостува во Богданци

158

Попладнево од 15 часот се играат сите осум мечеви од 4.коло во ВМФЛ. Киксовите на Македонија ЃП и Брегалница во минатото коло успеа да ги искористи составот на Кожув, па така тимот на Гевгелија во моментов е лидер на табелата и како таков доаѓа на Автокоманда каде против Скопје ќе ги одмери силите.

Лавовите“ гостуваат во Новаци а Брегалница пак во Богданци каде се среќава со тимот на Вардарски.

Охрид откако се раздели со Никола Илиевски – Џиџи, гостува во Неготино каде ја посакува првата победа сезонава.

На останатите средби од ова 4.коло играат Башкими – Беласица, Победа – Аресими, Саса – Борец и Осогово – Детонит.

ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА 15 Ч

Вардар (Н) – Охрид

Башкими – Беласица

Победа – Аресими

Новаци – Македонија ЃП

Саса – Борец

Вардарски – Брегалница

Осогово – Детонит

Скопје – Кожув

ТАБЕЛА

Кожув 10, Македонија ЃП 10, Брегалница 10, Аресими 9, Башкими 9, Детонит 7, Новаци 6, Скопје 5, Победа 4, Вардар (Н) 4, Беласица 3, Борец 3, Саса 2, Осогово 2, Вардарски 2, Охрид 1

ПретходноТажна вест, Рафаел Варан принудно мора да се пензионира!
СледноМу го побара дресот на Мбапе на полувремето, тренерот веднаш го смени (ВИДЕО)