ЛЕ: Јунајтед не може ни Твенте да го победи!

178

Вечерва на програмата беа девет средби од 1.коло во УЕФА Лигата на Европа. Се разбира дека главно изненадување беше срамното реми на Манчестер Јунајтед и тоа против Твенте на “Олд Трафорд“ со 1:1. Освоен е само бод, иако беа планирани сите три. Ериксен во 35.минута донесе водство на Јунајтед, но Ламерс во 68.минута го замолкна “Олд Трафорд“ за конечни 1:1.

АЗ Алкмар сио 3:2 успеа да го победи Елфсборг. Исто со 3:2, тимот на Бодо/Глимт направи сензација и дојде до победа над еден од фаворитите, тимот на Порто.

На останатите мечеви Андерлехт со 2:1 славеше против Фертенцварош, додека Лацио како гостин го “торпедираше“Динамо Киев со 0:3. Во турско – грчката битка домашниот Галатасарај со 3:1 го победи ПАОК, а Лудогорец како домаќин беше поразен од Славија Прага со 0:2.

Митјиланд и Хофенхајм ремизираа 1:1, со истиот резултат по бод освоија Ница и Реал Сосиедад.

ПретходноЛевандовски за продолжување на чудесната серија на Барса!
СледноНов шок за Саудијците: Нејмар се враќа на терен дури во јануари!