Се играше 19.минута кога Роберт Левандовски ја затресе мрежата на Гетафе за 1:0 за Барселона. Во тие моменти ретко кој веруваше дека тој резултат ќе и биде конечен на оваа средба. Но така и беше, па така на крајот каталонскиот гигант дојде до нова, седма победа во исто толку натпревари во новата сезона во Ла Лига. Значи Барса сега има седум од седум и со максимални 21 бодови и натаму е лидер на табелата.
Барса не блескаше, сепак момците на Ханси Флик си ја одработија својата работа, победија на рутински начин. Така се освојуваат титулите, не мора секогаш да играш екстра квалитетно, понекогаш и со релативно послабо издание, да дојдеш до трите бода.
Барселона и натаму ГАЗИ се пред себе.