Модриќ збесна – го пцуеше судијата поради жолтиот картон (ВИДЕО)

215
Фото: Реал Мадрид/Твитер

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ беше нервозен на крајот од мечот од седмото коло во Ла Лига против Алавес (3:2).

Неговиот Реал на тој натпревар имаше комотни 3:0, а од 85. минута до крајот гостинскиот клуб успеа да постигне два гола и да донесе неизвесност до крајот.

Фудбалерите на Алавес можеа да постигнат гол во шестата минута од судиското надополнување, но топката мина покрај стативата, по што камерата го фати лутиот Модриќ, кој имаше што да му каже на судијата.

Хрватот беше еден од тројцата играчи на „кралскиот клуб“ кои добија јавна опомена за приговорот.

„Те те е**м во уста, да те е**м“, можеше да се прочита од усните на 39-годишникот.

ПретходноАнчелоти: Пристапот на судиите е променет – мора да се адаптираме!
СледноПМФЛ: Гостивар VS Шкендија, “езерско дерби“ во Охрид, Работнички во Битола а Тиквеш во Струмица