ПМФЛ: Гостивар VS Шкендија, “езерско дерби“ во Охрид, Работнички во Битола а Тиквеш во Струмица

143

Денеска на програмата се мечевите од 7. коло во ПМФЛ во тековната сезона. Се разбира дека дербито се игра во Маџари каде Гостивар ја дочекува Шкендија. Овие две екипи заедно со Работнички се единствените досега немаат пораз.

Во случај на победа екипата на Гостивар ќе избие на чело на табелата пред Шкендија, еве дополнителен мотив за гостиварци да одиграат уште еден квалитетен меч.

Струга ТЛ по оние 0:3 од Шкупи на свој терен попладнево во “езерското дерби“ гостува во Охрид кај Воска. Повеќе од јасно е дека на шампионот му треба победа и само победа. Трите бода се подразбираат за момците на стратегот Ќатип Османи, се друго ќе биде лошо за актуелниот првак на Македонија.

Ќе може ли Пелистер да му го нанесе првиот пораз сезонава на Работнички? Тимот од Градски по елиминацијата во Купот и по ремито со Брера минатото коло на свој терен, покажа дека има слабости а тимот на Влатко Костов е во налет. Ќе биде супер интересно во Битола.

Брера под водство на Горазд Михаилов игра добро, денеска на свој терен го дочекува Тиквеш кој, барем засега, е најнепријатното изненадување во Лигата. И овој меч ќе биде супер интересен, Тиквеш кога тогаш ќе почне да победува, можеби овој меч ќе биде пресвртница за кавадарчани.

Шкупи на Чаир ја дочекува Беса и е фаворит, а вечерва од 20 часот на Арената во Скопје играат Вардар и Силекс.

ДВОЈКИ ЗА 7.КОЛО – ДЕНЕСКА 15 Ч

Струмица: Брера – Тиквеш

Битола: Пелистер – Работнички

Скопје: Шкупи – Беса

Охрид: Воска – Струга ТЛ

Скопје: Гостивар – Шкендија

ДЕНЕСКА, 20 Ч

Скопје: Вардар – Силекс

ТАБЕЛА

Шкендија 14, Гостивар 12, Работнички 12, Струга ТЛ 10, Силекс 9, Шкупи 8, Пелистер 8, Вардар 7, Брера 7, Беса 4, Тиквеш 4, Воска 4

ПретходноМодриќ збесна – го пцуеше судијата поради жолтиот картон (ВИДЕО)
СледноАнгеловски: Нема да се штедиме против Динамо бидејќи играме со Вардар!