ПМФЛ: Гостивар ја “скрши“ Шкендија и сега е лидер, киксови на Шкупи и Струга ТЛ, Тиквеш се изнапромаши, без голови во Битола! (ВИДЕО)

865

Попладнево се одиграа пет средби од 7.коло во ПМФЛ. Во дербито кое се одигра на “Борис Трајковски“, Гостивар со 3:1 ја победи Шкендија и сега е лидер на табелата. Првите два гола паднаа по грешки на голманот на тетовци, а тоа знаеја да го искористат Ајдоган и Симоновски. Почесниот гол за Шкендија беше дело на Ибраими. Конечните 3:1 ги постави Алдаир од пенал.

Киксови на Шкупи и Струга ТЛ. Чаирчани дома пред своите фанови одиграа само 1:1 со Беса, а во “езерското дерби“ Струга ТЛ како гостин во Охрид кај Воска, одигра исто така само 1:1.

Во Битола екипите на Пелистер и Работнички одиграа борбено реми и тоа со 0:0. Со истиот резултат заврши и мечот меѓу Брера и Тиквеш, сепак треба да се каже дека вистинско чудо е што кавадарчани промашија. Имаа барем 5-6 зицери, двапати ја гаѓаа стативата, но гол нема па нема за составот на стратегот Ѓорѓи Мојсов.

Тиквеш во целост ја надигра Брера во Струмица, но не знаеше како да ја затресе мрежата и затоа дојде само до бод.

Вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје се игра последниот меч од ова коло, се среќаваат Вардар и Силекс.

РЕЗУЛТАТИ – 7.КОЛО

БРЕРА – ТИКВЕШ 0:0

ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 3:1

(Ајдоган 22., Симоновски 48., Алдаир (п) 90.+2/Ибраими 87.)

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0:0

ШКУПИ – БЕСА 1:1

(Едмундсон 24./Али 82.)

ВОСКА – СТРУГА ТЛ 1:1

(Јахја 50./Радески 67.)

ВЕЧЕРВА, 20 Ч

ВАРДАР – СИЛЕКС

ПретходноКостадинов погоди за Пјаст во Куп натпревар (видео)
СледноМлад играч на Барса со копачка го згазна местото на Флик, погледнете ја реакцијата на тренерот