Завршија првите полувремиња од петте меча во 7.коло во ПМФЛ. На дербито во Маџари, Гостивар со голот на Ајдоган има водство против Шкендија со 1:0. Големиот кикс на голманот на тетовци Амзаи, офанзивецот на Гостивар успеа да го искористи и да ја затресе мрежата на Шкендија.
Води и Шкупи против Беса со голот на Едмундсон.
На останатите мечеви, Пелистер – Работнички, Воска – Струга ТЛ и Брера – Тиквеш нема голови.
Вечерва од 20 часот играат Вардар и Силекс.