Тажна вест, Рафаел Варан принудно мора да се пензионира!

286

Рафаел Варан одлучи да се повлече од професионалниот фудбал. Французинот и светски шампион од 2018 година реши да се пензионира по новите проблеми со повредите.

Варан летово го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч, потпиша за Комо, но поради повреда реши да го раскине договорот со италијанскиот клуб.

Матео Морето открива дека по долго размислување, Варан решил да се пензионира веќе на 31 година.

Варан е легенда на Реал Мадрид и француската репрезентација со која ги освои сите можни трофеи и дефинитивно е еден од најдобрите стопери во модерната историја на фудбалот.

Варан порасна во Ленс, а во Реал пристигна во 2010 година како голема желба на Жозе Мурињо.

Во Реал помина 10 години, а потоа во 2021 година беше продаден на Манчестер Јунајтед за 40 милиони евра, но до крајот не успеа да ја пронајде старата форма.

ПретходноАнгеловски: Нема да се штедиме против Динамо бидејќи играме со Вардар!
СледноВМФЛ: Кожув како лидер доаѓа на Автокоманда, Новаци ја дочекува Македонија ЃП, Брегалница гостува во Богданци