Меси нема да ја заврши кариерата во САД, најави враќање дома

191

Лионел Меси, според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, нема да ја заврши кариерата во американската МЛС лига.

Иако има 37 години и моментално е член на Интер Мајами во МЛС лигата, Меси не планира таму да му каже збогум на фудбалот. Според информациите, Меси ќе се врати таму каде што почна се, во Аргентина и неговиот Њувелс Олд Бојс.

Кариерата ја започна токму таму на 13 години и никогаш не криеше дека еден ден би сакал да се врати.

„Ако утре се вратам во Аргентина би играл само за Њувелс“, изјави Меси во 2016 година додека играше за Барселона.

Меси е член на Интер Мајами од 2023 година, каде што пристигна по две сезони во Пари Сент Жермен.

ПретходноМото ГП нема да се врати во Индија следната година
СледноСтрумица го доби противникот во ЦЕВ Купот, стариот познаник Фино Капошвар