Ненад Бјелица е новиот тренер на Ристовски и Адеми!

172

И официјално Ненад Бјелица е новиот тренер на Динамо Загреб. Иако сеуште нема промоција, сепак хрватскиот гигант преку видеа го најавија Бјелица како старо – нов стратег на “модрите“ од Загреб, а тоа значи дека во наредниот период тој ќе им биде тренер на нашите интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Пред извесно време тој му беше тренер на Енис Барди во Трабзонспор, а сега на Стефан и Адеми.

Очекувано, иако минаа доста време откако Сергеј Јакировиќ доби отказ по бламажата во Минхен од Баерн во ЛШ. Имаше неколку опции и комбинации ама се некако се вртеше дека токму Бјелица ќе се врати на клупата на Динамо Загреб откако таму беше пред шест години.

ПретходноБарселона ќе може да го пријави Шчесни за ЛШ
СледноКоментар на 7.коло: Ве молиме воведете ВАР под итно!