Тен Хаг ги обвини фудбалерите за „киксот“ против Твенте

234

Менаџерот на Манчестер Ј., Ерик тен Хаг зборуваше за ремито 1:1 против Твенте синоќа во првото коло од Лигата на Европа. Менаџерот на „црвените ѓаволи“ беше критичен кон играчите бидејќи не успеаја да ја задржат минималната предност за победа.

„Ги одржувавме во живот. Водевме со 1:0, го контролиравме натпреварот. Мора да бидеме упорни и да продолжиме да се бориме. Во вториот дел го спуштивме нивото и примивме гол. Не си ја завршивме работата и бевме казнети за нашата грешка. За грешките и примените голови е одговорен целиот тим. Фудбалерите на Твенте трчаа по теренот и никој не ги спречуваше. Не можеме да дозволиме такви ситуации. Ние сме многу амбициозни, а кога имаш амбиција треба да се докажуваш. Особено денеска во второто полувреме бевме премногу самоуверени и не го завршивме натпреварот како тим. Мислам дека овој тим има многу добар менталитет, а на многу натпревари видов колку е високо нивото на нашата работа“, изјавил холандскиот стратег на клупата на Јунајтед.

ПретходноНов шок за Саудијците: Нејмар се враќа на терен дури во јануари!
СледноАрсенал има ново „чудо“: Нванери е најмладиот играч со два гола на своето деби